вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 34
home Вести

Хаварија при лансирање на ракетата, двајцата космонаути успешно се спуштиле на земјата

Хаварија при лансирање на ракетата, двајцата космонаути успешно се спуштиле на земјата

При лансирање на рускиот носач на ракети „Сојуз МС-10“ од космодромот Бајконур кон Меѓународната вселенска станица се случи хаварија.

Двајцата члена на екипажот, рускиот космонаут Алексеј Овчинин и неговиот американски колега Ник Хејг успешно се спуштија на земјата и не се наоѓаат во опасност. Спасувачките екипи ја забележале ракетата како се спушта со падобран кон земјата. Екипажот се приземји на 20 километри источно од Жезказган, во Казахстан и веднаш со нив е воспоставен контакт.

Четири хеликоптери, подготвени за спасувачка операција, полетаа кон приземјеното летало.

Русија одлучи да ги замрзне сите пилотирани вселенски мисии.