понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 12
home Вести

Хаос во Венецуела: Убиени 29 затвореници, повредени 19 полицајци

Хаос во Венецуела: Убиени 29 затвореници, повредени 19 полицајци

Дваесет и девет затвореници се убиени, а 19 полициски службеници се ранети во судир во петокот ноќта по средноевропско време затвор во централна Венецуела, за кој властете велат дека избувнал при обид за бегства, а невалдините организации ги опишуваат како масакр.

Инцидентот се случил во градот Аваригуа, во сојузната држава Протогеза, 350 километри оддалечен од венецуелската престолнина Каракас. Според очевидци, имали престрелка а се слушале и експлозии од гранати. Напиша новинарот Даниел Колина на Twitter. Ранетите биле однесени во болница, каде што има и голем број припадници на силите за безбедност, објави телевизијата NTN24.

„Инцидентот во заторот во полициската станица во градот Акаригуа, во државата Портогеза, се случи кога полициските специјални сили (FAES) се обидоа да спречат масовно бегство што резултираше со смрт на 29 затвореници“, изјави секретарот за јавна безбедност на спомената сојузна држава, Оскар Валеро.

Затворениците ги пречекале полциискисте службеници со „истрели од огнено оружје, додека детонирале три гранати“, кои ранели 19 полицајци, додал Валеро во изјавата за новинарите.

Невладината организација „Уна Вентана а ла Либертад“, која ги брани правата на затворениците, објави дека според нејзините првични сознанија има 25 мртви. Нејзиниот директор, Карлос Нието, изјави за AFP дека судирот ибувнал кога полициските специјалци се обиделе да извлечат посетители на затворениците кои уште во четвртокот биле семени во заложништво од таканаречениот „пран“, лидер на затворениците во одреден затвор.

Невладината организација OVP пајк, објави дека властите извршиле „масакр“.

Насилството е чест проблем во ваквите затвори, каде што затоврениците треба да бидат задржани најмногу 48 часа, вели Валеро. Немирите се воопшто чести во пренатрупаните затвори во Венецуела, па така во 2017 година во затворот во државата Амаона загинаа 39 луѓе, а 68 ги загубија животите во 2018 година во затворот во полициската станица близу Каракас, потсетува OVP. Се проценува дека повеќе од 400 лица биле убиени во затворите во Венецуела од 2011 година, а организациите за човекови права велат дека овие установи се соочуваат и со недостиг од храна и лекови, впрочем како што е и моменталната состојба во земајата.

Постојат околу 500 вакви затвори во земјата, каде се сместени 55.000 луѓе, иако нивниот вкупен капацитет е само 8.000 затвореници, додава невладината организација „Уна Вентана а ла Либертад“. Така, затоврот во Акаругуа има капаците од 60 затвореници, но во него биле сместени 500 луѓе, според потврдата на локалната полиција.

„Ваквите привремене центри за притвор не се погодни за држење затвореници подолго од 48 часа“, наведуваат невладините организации. Според нив, затворскиот систем во Венецуела во целост е „хаотичен“ и го обвинуваат министерството за казнена евиденција и затворски систем дека „не ги изсполнува своите функции“.