петок, 30. септември 2022. Вести денес: 146
home Вести

ХАОС ВО ПАРИЗ: Се евакуираат околу 2.000 лица, сообраќајот во прекин

ХАОС ВО ПАРИЗ: Се евакуираат околу 2.000 лица, сообраќајот во прекин

Сообраќајот во регионот на Париз од утрово се одвива со поголеми потешкотии поради обилниот снег што падна во текот на ноќта и ниските температури.

Според локални медиуми, властите апелираат да не се користат автомобилите. Отежнат е и трамвајскиот сообраќај додека автобускиот превоз е во прекин. Одложени се сите авионски летови и во прекин е железничкиот сообраќај.

Портпарол на Министерството за внатрешни работи изјави дека околу 2.500 полицајци, пожарникари и друг персонал се ангажирани во регионот Ил де Франс.

Во текот на ноќта многу патиша на запад, североисток во регионот на Париз се блокирани. Во тек е евакуација на околу две илјади луѓе што се заглавени на автопат јужно од Париз.

Повеќе од 200 луѓе ја минаа ноќта на аеродромот Орли, додека околу 700 на железнички станици. Откажани се и возовите што се обраќаат од Париз кон аеродромите Орли и Шарл де Гол.

Во 25 француски области и понатаму е на сила портокалов метео аларм поради снежното невреме.

Коронавирус