сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 37
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

Хан: Фон дер Лајен бара геополитичко позиционирање на ЕУ

Хан: Фон дер Лајен бара геополитичко позиционирање на ЕУ

Поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер беше заинтересиран за финансиски и економски прашања, а Урсула фон дер Лајен за геополитичко позиционирање на ЕУ, нагласува новиот европски комесар за финансии Јоханес Хан.

Хан, кој е во неговиот трет мандат како еврокомесар, во интервју за виенскиот весник „Кронен Цајтунг“, истакна дека го поддржува патот „од оној што плаќа, до глобален играч“.

Еврокомесарот од Австрија е надлежен за буџетот на ЕУ и директно поднесува извештаи до претседателот на Европската комисија.

Хан ги отфрли тврдењата дека бирократскиот апарат за кој бил одговорен „голтал“ големи суми на пари. „Ова е еден од многуте митови што постојат околу ЕУ. Севкупно, административните и трошоците за вработените, вклучувајќи ги и тековните исплати, како што се кирии и пензии, изнесуваат само 6,7 проценти од буџетот“, рече тој.

Тој додаде дека при утврдувањето на нов буџет се работи на  политичките фокуси што носат „европска додадена вредност“ што земјите не можат поединечно да ги постигнат.

Зборувајќи за тешките преговори што претстојат со земјите членки на ЕУ, осврнувајќи се на Австрија, тој рече дека разликата помеѓу тоа што сака Комисијата и она што Австрија го замислува е нешто што го чини секој австриски граѓанин 10 центи на ден.

На прашањето зошто ЕУ треба да го има истиот буџет по заминувањето на Велика Британија, и дали не станува збор за логично намалување, Хан рече дека таков  став застапуваат одделни држави како Австрија.

„Повеќе од 20 земји-членки се на мислење дека буџетот треба да остане на нивото предложено од Европската комисија. Задачите остануваат исти и примивме нови, и затоа мора да најдеме разумен компромис“, рече тој.

Тој посочи, на пример, дека трошоците за управување со миграцијата и за заштита на надворешните граници, за кој се залагаше особено Австрија, во буџетот за 2021 до 2027 година изнесувале вкупно 34,9 милијарди евра, што е скоро три пати повеќе во споредба со последниот повеќегодишен буџет.

Тој исто така додаде дека заштитата на климата ќе бара повеќе трошоци, вкупно 320 милијарди евра, што е за 60 милијарди повече од порано.

Хан потенцира дека треба да се знае дека 80 проценти од буџетот се враќа во земјите-членки, кои сами управуваат со парите.

Коронавирус