недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Хакери загрозиле електронска пошта на високи функционери од Министерството за финансии на САД

Хакери загрозиле електронска пошта на високи функционери од Министерството за финансии на САД

Хакери одговорни за сеопфатна шпионска кампања насочена против американските владини агенции загрозија десетици електронски пошти на Министерството за финансии, потврди сенаторот Рон Вајден.

Во писмената изјава, канцеларијата на Вајден соопшти дека вработените во Комитетот за финансии на Сенатот биле информирани оти станува збор за многу сериозен хакерски упад во Министерството за финансии, чиј „целосен обем засега не е познат“.

Вајден, најистакнатиот демократ во комитетот, рече дека Мајкрософт го известил Министерството оти се хакирани десетици електронски пошти и дека хакери упаднале и на мрежните системи на специјалните оддели на Министерството за финансии со електронски пошти на највисоки функционери.

– Министерството сè уште не знае што се направиле хакерите, односно какви информации се украдени, се вели во соопштението на канцеларијата на Вајден.

Досега нема докази дека хакерите успеале да го пробијат системот на Даночната управа и да ги компромитираат податоците на даночните обврзници.

Коронавирус