недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз, јави ДПА. Поднесена е жалба до обвинителството, соопшти здравствената служба на париските болници.

Нападот погоди област каде што беа складирани лабораториски податоци за пренос до фондовите за здравствено осигурување и до здравствените власти. Украдените податоци се на луѓе од Париз, кои биле тестирани за коронавирус во летото. Податоците ги вклучуваат имињата на граѓаните, нивните броеви за здравствено осигурување и резултатите од тестовите.

Националната база на податоци за резултати од тестови за коронавирус не беше погодена од нападот.

Коронавирус