петок, 21. септември 2018. Вести денес: 1
home Вести

Хакери од Кина украле 600 ГБ податоци за проекти на САД

Хакери од Кина украле 600 ГБ податоци за проекти на САД

Хакери од Кина биле одговорни за упад во базата на податоци на компанијата која произведува опрема за морнарицата на САД.

Биле украдени 614 гигабајти податоци во два одделни хакерски напади, изведени во јануари и февруари.

Весникот „Вашингтон пост” објави претходно, повикувајќи се на неименувани претставници на САД, дека кинеските хакери украле голема количина на доверливи податоци за подводни војување, вклучувајќи ги и плановите за суперсонична противбродска ракеза за лансирање од подморница.

Хакерите упаднале во системот на компанијата, која работи за Центарот за подводно морнаричко војување, со седиште во Њупорт во Род Ајленд.

(Миа)