четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Хакери нападнаа американска компанија за кибербезбедност

Хакери нападнаа американска компанија за кибербезбедност

Хакерска група нападнала е-пошта на калифорниска компанија што работи во областа на информациска безбедност. Трагите водат кон Русија, јавија американски медиуми.

Прецизирано е дека хакерите се обиделе да пристапат до електронската преписка на компанијата CrowdStrike Holdings Inc.

На блогот на компанијата е објавено дека специјалисти од Центарот за истражување ризици на Мајкрософт ги контактирале на 15 декември. Според нив, кибер криминалците се обиделе да ја хакираат електронската пошта на CrowdStrike Holdings Inc. со користење на облак платформата Microsoft Azure.

Експертите на Мајкрософт откриле дека обидот на хакерите бил неуспешен.

Специјалистите на CrowdStrike Holdings Inc. имале предвид дека, во поглед на нивниот сопствен безбедносен систем, тие не користат е-пошта на Office 365.

Експерти од CrowdStrike Holdings Inc. работеа на истрагата за кибер напади против серверите на Националниот комитет на Демократската партија, за која беше објавено во 2016 година.

Коронавирус