четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 42
home Вести

Хакери го пробиле системот на Министерството за финансии на САД

Хакери го пробиле системот на Министерството за финансии на САД

Хакери поддржани од странска влада украле информации од Министерството за финансии на САД и американска агенција одговорна за политиката во сферата на интернет и телекомуникации. Тоа го јавија американски медиуми поовикувајќи се на информирани извори.

-Американската Влада е свесна за оваа информација и ги презема сите потребни чекори за да ги идентификува и реши сите можни проблеми, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Јулиот.

Меѓу американската разузнавачка заедница постои загриженост дека хакерите можеби користеле слични алатки за да ја нарушат заштитата на другите владини агенции, изјавија три информирани извори.

Хакерскиот напад беше толку сериозен што Советот за национална безбедност вчера одржа состанок во Белата куќа, изјави еден од изворите.

Локални избори 2021