недела, 16. мај 2021. Вести денес: 51
home Вести

Хаг забрани консумирање марихуана

Хаг забрани консумирање марихуана

Хаг стана првиот холандски град кој забрани консумирање на марихуана во центарот на градот, во близина на централната железничка станица и најголемите трговски зони во градот.

Флаерите за забрана ќе бидат дистрибуирани во кафулињата во кои се продава марихуана и засолништата за бездомници, поради предупредување за казни за оние кои ќе ја прекршат забраната.

Флаерите на англиски јазик ќе бидат достапни во хотелите, пишува Гардијан.

Марихуана се продава во 573 кафулиња во 103 од 380 општини во Холандија, вклучувајќи го и Хаг.

Порпаролот на општината изјави дека до забраната дошло поради зголемениот број жалби на жителите и посетителите поради силниот мирис на марихуаната и галамата на оние кои ја употребуваат.

Амстердам забрани употреба на дрога во близина на училиштата и парковите за деца, а Ротердам во близина на училиштата.

Коронавирус