вторник, 21. август 2018. Вести денес: 30
home Вести

Гвон: Владата на Јужна Кореја е игнорантска и некомпетентна

Гвон: Владата на Јужна Кореја е игнорантска и некомпетентна

Главниот преговарач на Северна Кореја, Ри Сон Гвон денеска ја нарече јужнокорејската Влада „игнорантска и некомпетентна“.

Тој ги осуди американско-јужнокорејските воени вежби и се закани  дека ќе прекинат сите разговори со Сеул доколку не бидат исполнети барањата на Пјонгјанг.

Првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје-гван вчера изјави дека Пјонгјанг ми можел да ја преиспита својата одлука за состанокот со САД доколку Вашингтон продолжи да бара унилатерална денуклеаризација.

– Доколку администрацијата на американскиот претседател е заинтересиран за унапредување на севернокорејско-американските односи, ние позитивно ќе одговориме на предлог средбата, истакна Ким.

МИА