четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Гувернерот на Оклахома позитивен на Ковид-19

Гувернерот на Оклахома позитивен на Ковид-19

Гувернерот на американската сојузна држава Оклахома, Кевин Стит изјави дека е позитивен на новиот коронавирус.

Тој е прв лидер на една американска држава, за кој се знае дека е заразен со Ковид-19.

– Се чувствувам добро. Малку сум истоштен, немам температура, објасни гувернерот, додавајќи дека се наоѓа во самоизолација, одвоен од семејството и планира да продолжи да работи од дома.

Стит ги повика граѓаните на Оклахома да се тестираат доколку почувствуваат какви било симптоми. (MИА)

Коронавирус