понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 95
home Вести

Гутереш: Ситуацијата во Сирија може да излезе од контрола

Гутереш: Ситуацијата во Сирија може да излезе од контрола

Генералниот секретар на Обединети нациии, Антонио Гутереш изјави дека стравува оти ситуацијата во Сирија може да излезе од контрола.

– Изразив незадоволство вчера од информациите за употреба на хемиско оружје во Сирија. Јас исто така многу внимателно ја следам ситуацијата во Советот за безбедност на ОН и жалам што до сега не е постигната согласност за тоа прашање, посочи Гутереш.

Тој додаде дека разговарал со претставниците на петте постојани земји-членки на СБ за опасностите од сегашната ситуација.

– Ја потенцирав и неопходноста од се избегнува ситуацијата да излезе од контрола. Да не заборавиме, дека на крај нашите напори треба да бидат насочени кон прекин на страшните страдања на Сиријците, посочи Гутереш.

Претходно, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матисизјави дека е подготвен да  му достави на претседателот план за воена акција за Сирија.

– Се уште анализираме податоци на разузнавањето и на нашите сојузници, се уште работиме на тоа. Подготвени сме да обезбедиме воени опции, ако тоа е прифатливо за претседателот доколку се одлучи на таков чекор, изјави Матис.

Коронавирус