недела, 1. октомври 2023. Вести денес: 46
Во живо

Втора годишна конференција на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

home Вести

Гутереш: Сириската влада е должна да овозможи непречена работа на ОПЦВ

Гутереш: Сириската влада е должна да овозможи непречена работа на ОПЦВ

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика сириската Влада да им овозможи на меѓународните инспектори за хемиско оружје работа без ограничувања.

– Сириската Влада е должна да им ги овозможи сите услови за работа без никакви ограничувања, соопшти Гутереш.

Тој не потврди дека инспекторите успеале да влезат во сирискиот град Дума, но на новинари од Саудиска Арабија им рекол дека ОН направиле се „за да им обезбедат на експертите на ОПЦВ да стигнат до Дума што побрзо“.

Претходно, сириски медиуми јавија дека инспекторите од ОПЦВ влегле во Дума поради истражувања на нападот со хемиско оружје извршен на 7 април.

МИА