петок, 16. април 2021. Вести денес: 117
home Вести

Гутереш посакува и втор мандат како генерален секретар на ОН

Гутереш посакува и втор мандат како генерален секретар на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш (71) им изјави на претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност дека би сакал да добие и втор мандат на чело на светската организација, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори во Њујорк.

Гутереш на местото генерален секретар на ОН дојде во јануари 2017 година, а кон крајот на годинава му истекува неговиот петгодишен мандат.

Според Блумберг, Гутереш сега чека да се објават резултатите од претседателските избори во САД пред да ја објави кандидатурата, имајќи предвид дека ОН и САД често имале различни ставови за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пред се околу прашањето за иранскиот нуклеарен договор и Парискиот договор за климатски промени.

Коронавирус