недела, 26. јуни 2022. Вести денес: 0
home Вести

Гутереш: Не очекувам набрзо да има мировни преговори за Украина

Гутереш: Не очекувам набрзо да има мировни преговори за Украина

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека ќе дојде време за мировни преговори за Украина, но додаде оти не очекува тоа да се случи во блиска иднина.

– Оваа војна нема да трае вечно. Ќе дојде време кога ќе има мировни преговори… не гледам дека ова ќе се случи во блиска иднина, истакна Гутереш на заедничката прес-конференција во Виена со австрискиот претседател Александар ван дер Белен.

Тој додаде дека ОН никогаш нема да се откаже од организирање мировни преговори. (МИА)

Коронавирус