вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 46
home Вести

Гутереш нареди штедење во ОН, државите должат 1,39 милијарди долари за членарина

Гутереш нареди штедење во ОН, државите должат 1,39 милијарди долари за членарина

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш нареди сет мерки да стапат во сила в понеделник во сите објекти и мисии на ОН ширум светот, со цел да се ублажи најголемата финансиска криза на организацијата во последните десет години.

Меѓу мерките што ќе се спроведат се откажување на состаноците, ограничување на деловните патувања, но и запирање на ескалаторите и намалување на климатизација и греењето.

Во писмото до шефовите на сите субјекти на ОН, Гутереш вели дека вонредната состојба ќе „влијае на условите за работа и операциите до понатамошно известување“.

Претставничката на администрацијата на ОН, Кетрин Полард, изјави пред Комисијата за буџет дека 128 земји платиле 1,99 милијарди американски долари во членарина за 2019 година до 4 октомври, и дека 65 земји должат вкупно 1,39 милијарди американски долари, од кои американскиот долг изнесува повеќе од една милијарда американски долари.