петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Гутереш: Ќе има несогласувања помеѓу САД и Сееврна Кореја, но и добри можности

Гутереш: Ќе има несогласувања помеѓу САД и Сееврна Кореја, но и добри можности

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш синоќа изјави дека ќе има големи несогласувања во разговорите за денуклеаризација помеѓу САД и Северна Кореја, нагласувајќи оти постојат „многу добри можности“ дијалогот да доведе до „позитивно решение“.

Тој наведе дека во интерес на ОН е да ги поддржи таквите напори, кои се клучни за глобалниот мир и безбедност. Гутереш посочи и дека сите тела на ОН се на располагање да пружат помош, вклучително и нуклеарните агенции на Светската организација.

– Ова е сложен процес. Тоа се тешки преговори и верувам дека неизбежно ќе има некои осцилации на тој пат. Мораме да издржиме и да побараме од сите земји во регионот да помогнат да се олеснат работите за постигнување на договор (за мирна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров), истакна Гутереш.

МИА

Коронавирус