четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Гутереш апелира за единствена борба против пандемијата

Гутереш апелира за единствена борба против пандемијата

Генералниот секретар на Обединети нации, Антониот Гутереш повика на единство во борбата против пандемијата со новиот коонавирус и елиминирање на последиците од истата.

Тој истакна дека ова е пресвртен момент за човечката историја и оти успехот зависи од единството и капацитетите за успешна борба против Ковид-19.

– Мораме да ги насочиме сите наши напори во победата на пандемијата со коронавирусот, што се шири како пожар и смртно ги загрозува најчувствителните помеѓу нас, истакна Гутереш на видео-форумот ЕКОСОК за финансирање на одржлив развој за време на пандемијата со Ковид-19.

Тој повторно апелираше за глобален прекин на вооружените судири со цел сите напори да се насочат во борбата против пандемијата.

– Ова не е само здравствена криза, туку криза на човештвото, криза на трудот, хуманитарна и развојна криза, што покажа дека сите подеднакво сме исложени на ризик, посочи Гутереш

Коронавирус