недела, 5. декември 2021. Вести денес: 91
home Вести

Група луѓе кои преживеаја масовно труење во Шпанија се закануваат со самоубиство ако не им се исполнат барањата

Група луѓе кои преживеаја масовно труење во Шпанија се закануваат со самоубиство ако не им се исполнат барањата

Група луѓе кои преживеаја масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.

Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година.

„Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе започнеме да голтаме апчиња“, објавија демонстрантите претпладнево на профилот на Здружението на жртвите од тоа труење на Твитер.

Поради употреба на преработено масло од семе од репка во тоа време, илјадници Шпанци добија разни белодробни заболувања, а многумина се уште ги чувствуваат последиците од труењето.

Коронавирус