понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

Група авганистански дипломати со критики до светските лидери: Го оставивте народот на милост и немилост на терористите

Група авганистански дипломати со критики до светските лидери: Го оставивте народот на милост и немилост на терористите

Група авганистански дипломати од соборената влада во Кабул издадоа заедничка изјава, прва од ваков вид, во која ги повикаа светските лидери да ускратат формално признавање на талибанците и ги критикуваа дека „го оставиле нашиот народ под милост и немилост на терористичката група“.

Соопштението, доставено до западни агенции пред објавувањето во јавноста, беше потпишано од дваесетина службеници, кои се уште работат од мисии во САД, Велика Британија, Франција, Турција и на други места.

Дипломатите кои ја потпишаа остро формулираната изјава се под рангот на амбасадор.

„Разочарани сме што по дваесет години ангажман, нашите сојузници го напуштаат Авганистан и го оставаат нашиот народ на милост и немилост на терористичката група“, напишаа дипломатите.

Тие, исто така, ги повикаа светските лидери да ги користат сите расположливи средства за да го запрат талибанското насилство врз жените, активистите на граѓанското општество и новинарите. Писмото содржи и предупредувања за глобалните последици од соборувањето на авганистанската влада.

„Успехот на талибанците во преземањето на власта со нелегални и насилни средства … ги охрабрува терористичките и насилни групи ширум светот“, напишаа тие, додавајќи дека насилното преземање „го нормализира насилството“.

Во соопштенеито се бара создавање независна, меѓународна мисија за утврдување факти за Авганистан, со цел „да се обезбеди правда и одговорност“.

Локални избори 2021