вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Грета Тунберг со пари од награда основа фондација

Грета Тунберг со пари од награда основа фондација

Шведската активистка Грета Тунберг ќе ги употреби парите од наградата на Рајт Лајвлихуд организацијата за основање на истоимена фондација.

Целта на непрофитната Фондација Грета Тунберг е „промовирање на еколошката и социјална одржливост, како и менталното здравје“, соопшти Рајт Лајвлихуд фондацијата, која и додели награда на тинејџерката минатата година.

Таа награда се смета за алтернатива на Нобеловата награда.

Како една од четворицата добитници на таа награда, Грета Тунберг доби повеќе од 100.000 долари.

Коронавирус