понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 117
home Вести

Грета Тунберг прогласена за личност на годината (ФОТО)

Грета Тунберг прогласена за личност на годината (ФОТО)

Американски „Тајм” ја прогласи шведската активистка Грета Тунберг за личност на годината.

Таа е прогласена за личност на 2019 година заради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.

Тунберг започна глобално движење откако одлучи дека ќе отсуствува од часови во август 2018 година и ги поминуваше деновите пред шведскиот Парламент, држејќи знак на кој пишуваше: Skolstrejk för klimatet (Училишен штрајк за климата).

Речиси 16 месеци подоцна, таа се обрати пред челниците на државите во Обединетите нации, се сретна со папата, вербално се судри со претседателот на САД и инспирираше четири милиони луѓе да се прикучат на глобалниот климатски протест на 20 септември 2019 година, што е најголемата климатска демонстрација во историјата на човештвото.

 

Коронавирус