петок, 5. март 2021. Вести денес: 134
home Вести

Границите на Нов Зеланд ќе бидат затворени на подолг период

Границите на Нов Зеланд ќе бидат затворени на подолг период

Границите на Нов Зеланд ќе бидат затворени на подолг период оваа година поради пандемијата на коронавирусот, но земјата ќе ги почитува патните аранжмани со соседна Австралија и другите пацифички држави, потврди денеска премиерката Џасинда Ардерн.

Таа најави дека официјалната надлежна институција Медсејф може да издаде дозвола за употреба на вакцината на „Фајзер / Бионтек“ веќе следната недела, во услови на зголемен притисок на јавноста да започне масовна имунизација на населението.

Со само двајца новозаразени, вкупно 1.934 случаи на Ковид-19 и 25 смртни случаи од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд со целосно затворање и изолација успеа да го елиминира коронавирусот. 

Коронавирус