среда, 8. декември 2021. Вести денес: 68
home Вести

Гранди: Време е светот да покаже солидарност со народот на Либан

Гранди: Време е светот да покаже солидарност со народот на Либан

Високиот комесар за бегалци на Обединети нации, Филипо Гранди изјави дека е време меѓународната заедница да покаже солидарност со народот на Либан и да и понуди помош на земјата, која со децении е домаќин на стотици илјади бегалци.

Тој истакна дека Либан поминал низ многу кризи, вклучително корупција, политички поделби и економски кризи и оти меѓународната заедница треба да организира долготрајна помош.

Гранди во средата допатува во Либан, две недели по катастрофалната експлозија во бејрутското пристаниште, што уништи голем дел од Бејрут. Во експлозијата што се случи на 4 август загинаа најмалку 180 лиѓе, а повредени се околу 6.000 лица, 30 се водат како исчезнати, а речиси 300.000 луѓе останаа без домови. Причинетата штета се проценува од 10 до 15 милијари долари.

Во Либан има повеќе од еден милион сириски бегалци, а 43 загинаа во разорната експлозија.

Либан се соочи и со зголемен број на заразени лица со новиот коронавирус, а неколку болници во Бејрут не работат поради што се оштетени во експлозијата. (МИА)

Коронавирус