четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 175
home Вести

„Граѓанска војна во Сирија? Не, тоа е борба против тероризмот“

„Граѓанска војна во Сирија? Не, тоа е борба против тероризмот“

Она што сега се случува во Сирија не претставува граѓанска војна, тоа од самиот почеток е војна против тероризмот и западните платеници, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад.

Како што објасни Асад, терминот „граѓанска војна“ од почетокот на конфликтот погрешно се користи, а тоа го прават дури и сојузниците и пријатели на Сирија.

-Граѓанската војна подразбира дека во Сирија владата делупа по основ на етничка или религиозна припадност, или пак на основа на политички несогласувања. Во Сирија го нема тоа, тврди Асад, пренесува Спутник.

Тој оцени и дека на територијата на земјата која е под контрола на сириската војска живеат луѓе од различни религии и националности, но оти сите го поддржуваат Дамаск.

-Од самиот почеток тие кои сакаа да ја бутнат власта беа платеници кои ги најми Западот. Како резултат на активностите на американските и турските марионети имаме ситуација во која не постои единство. Меѓутоа, дека во тек е граѓанска војна, тоа би значело и оти и друштвото ни е поделено, вели Асад.

Коронавирус