среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 167
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Градските власти на Пекинг предупредија на ново „експлозивно“ жариште на Ковид-19

Градските власти на Пекинг предупредија на ново „експлозивно“ жариште на Ковид-19

Најновото жариште на Ковид-19 кое изби во Пекинг, е поврзано со кафулињата во главниот град на Кина и е „експлозивно“ по природа, има силен потенцијал и е сложено, изјави денеска портпаролката на градската управа.

Главниот град на Кина регистрира 46 нови случаи на ковид денеска до 15 часот по локално време, изјави здравствениот претставник Лиу Ксијаофенг.

Од вкупно 1.946 локални случаи на ковид регистрирани од 22 април, 115 се поврзани со инфекција во кафулињата, додаде Лиу.

Коронавирус