понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Градот Сплит на претепаната девојка и понуди бесплатно летување

Градот Сплит на претепаната девојка и понуди бесплатно летување

Дваесет и шестгодишната Британка Лаура Денмар беше претепана со метална прачка во еден илегален сплитски хостел затоа што таа и нејзиното момче одбиле да извршат непланирана доплата за својот претстој, која им била побарана од сопствениците на објектот.

За овој инцидент пишуваа британските медиуми, а потоа „Сан“ пренесе изјава на директорката на Туристичката заедница на Градот Сплит, Алијана Вуксиќ која изјавила дека на Лаура и испратиле писмо со извинување од името на тој град и Сплитската жупанија и оти и понудиле бесплатно летување за да и докажат дека, како што навела, станува збор за изолиран случај и оти градот Сплит е безбеден за британските туристи.

Инаку, Лаура своето искуство со летувањето во Сплит го сподели со лондонскиот весник „Дејли Меил“ за како што изјавила, да ги предупреди своите сонародници да не им се случи нешто слично.

Коронавирус