вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 47
home Вести

Градот Барселона му ги одзеде сите одлукувања на поранешниот крал Хуан Карлос

Градот Барселона му ги одзеде сите одлукувања на поранешниот крал Хуан Карлос

Градскиот Совет на Барселона денеска донесе одлука да ги одземе сите официјални одликувања доделени од тој град на поранешниот шпански крал Хуан Карлос, откако неговата канцеларијата се најде во корупцискиот скандал.

За одземање на одлукувањата на карлос гласаа сите сепаратистички партии во градскиот Совет.

Меѓу признанијата што му се одземени, е и престижниот златен медал кој се доделува на оние кои се истакнале со лични заслуги или кои направиле нешто исклучително за Барселона.

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос (82) ја напушти земјата на почетокот на месецот и отиде во Обединетите Арапски Емирати, откако Врховниот суд започна истрага во јуни за неговата вмешаност во малверзации со договорот за брза железничка пруга со Саудиска Арабија, а швајцарскиот весник „Трибјун“ објави дека Хуан Карлос добил 100 милиони долари од покојниот саудиски крал. 

Коронавирус