среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на Варшава, Рафал Трасковски, ќе се кандидира на претседателските избори во Полска

Градоначалникот на Варшава, Рафал Трасковски, ќе се кандидира на претседателските избори во Полска

Градоначалникот на Варшава, Рафал Трасковски, ќе биде кандидат на најголемата полска опозициска партија- Граѓанска платформа (ПО), на претстојните претседателски избори.

Трасковски ќе ја замени Малгоргата Кидава-Блонска, актуелен заменик спикер на Долниот дом на парламентот, која вчера најави дека ја повлекува кандидатурата.

Трасковски е поддржан и од помалите партии Модерна  и Полската иницијатива, кои заедно со центристичката Граѓанска платформа ја формираат Граѓанската коалиција (КО). Зелените, кои, исто така, се во коалицијата, се очекува да го поддржат.

Новиот кандидат сега мора да собере 100.000 потписи за официјално да ја регистрира својата кандидатура за изборите презакажани за следниот месец.

Претседателските избори во Полска, закажани за 10 мај, предизвикаа жестока дебата поради пандемијата Ковид-19.

Опозицијата тврдеше дека тоа ќе го загрози здравјето на граѓаните, а владеачката партија Право и правда (ПИС) инсистираше на избори, но соочена со ризикот од масовна инфекција на гласачите на избирачките места донесе закон со кој се дозволи гласање по пошта.

Но, предлогот, кој беше критикуван и отфрлен од опозицијата, беше донесен предоцна за да се гарантира организирање на изборите. Истовремено, ПиС одби да ги одложи изборите што ги бараше опозицијата, бидејќи нејзините кандидати не успеаја да спроведат предизборна кампања. На крајот, ПиС беше принуден да ги одложи изборите во последен момент поради недостаток на време.

Пред пандемијата, Кидава-Блонска беше веднаш зад кандидатот на ПиС, Анджеј Дуда, во однос на популарноста на изборите, но таа ја изгуби популарноста откако повика на бојкот на дописното гласање.

Сега, на овој начин, со менување на кандидатите, опозицијата сака повторно да ги мобилизира своите гласачи.

-Дами и господа, ајде сите да излеземе на гласање, рече Трасковски откако ја објави својата кандидатура.

„Благодарение на опозицијата и секако на Малгорзати Кидава-Блонска, ќе учествуваме на избори кои се безбедни, демократски, општи и спроведени со тајно гласање“, рече тој.

Во понеделникот, Долниот дом ги одобри измените во законот со кој се дозволува 30 милиони Полјаци со право на глас да избираат сами дали да гласаат директно на изборите или преку кореспонденција.

Претседателот на Долниот дом допрва треба да го потврди датумот на изборите, но владеачката ПИС го споменува 28 јуни како можен датум.

Рафал Трасковски е роден 1972 година и е градоначалник на Варшава од 2018 година. Пред да влезе во политика, тој беше професор на универзитет специјализиран за Европската унија. Бил член на Европскиот парламент и министер за дигитализација и заменик министер за надворешни работи во владите на Доналд Туск и Ева Копач.

Коронавирус