четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на Сеул е пронајден мртов

Градоначалникот на Сеул е пронајден мртов
Police officers stand guard in front of the house of Seoul Mayor Park Won-soon in Seoul, South Korea, on July 9, 2020. (Park Ju-sung/Newsis via AP)

Градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун е пронајден мртов, откако претходно денеска неговата ќерка го пријави в полиција како исчезнат, објави јужнокорејската агенција Јонхап.

Полицијата го пронајде неговото тело во северниот дел на Сеул, во близина на местото каде последен пат е детектиран сигнал од неговиот мобилен телефон во текот на потрагата по него.

Ким Ји-хјеонг, претставник на градската власт, истакна дека градоначалникот денеска не дошол на работа од непознати причини и ги откажал сите планирани настани.

Парк, долгогодишен активист и адвокат за заштита на човековите права, е избран за градоначалник на Сеул во 2011 година, а последниот, трет мандат, го освои минатиот месец. Беше член на владејачката Либерално-демократска партија и еден од можните кандидати на претседателските избори во 2022 година.

Коронавирус