сабота, 28. март 2020. Вести денес: 35
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Градоначалникот на Мајами заразен со коронавирус

Градоначалникот на Мајами заразен со коронавирус

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес се заразил со коронавирус по средбата со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, објави весникот „Мајами Харалд“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, се сретна со Болсонаро пред неколку дена за време на неговата посета на САД.

– Кај градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес е потврден позитивен тест за Ковид-19, пишува весникот, повикувајќи се на изјава на градоначалникот.

Суарес пред четири дена присуствувал на средба со бразилската делегација, во која кај еден од членовите бил откриен новиот коронавирус.

Во меѓувреме, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро демантираше и објави на својот Фејсбук профил дека не е носител на коронавирусот. г