понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 123
home Вести

Градоначалникот на Јоханесбург загина во сообраќајна несреќа

Градоначалникот на Јоханесбург загина во сообраќајна несреќа

Градоначалникот на Јоханесбург, Џолиде Матонго загина денеска во сообраќајна несреќа на 46-годишна возраст.

Засега не се познати деталите за несреќата, но локалните медиуми објавија слики од предниот дел на автомобилот, кој е целосно уништен, јави Би Би Си.

Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоза, му оддаде почит на загинатиот градоначалник на Јоханесбург.

Матонго водеше кампања со Рамафоса пред да се случи сообраќајната несреќа.

Тој стана градоначалник на Јоханесбург неодамна, на 10 август, по смртта на неговиот претходник поради компликации со Ковид-19.

Локалните медиуми објавија дека тој бил син на мигрант од Зимбабве и се борел против апартхејдот од 13-годишна возраст.

Локални избори 2021