петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалник во Полска избоден со нож: Адамовиќ се бори за живот (ВИДЕО)

Градоначалник во Полска избоден со нож: Адамовиќ се бори за живот (ВИДЕО)

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамовиќ, кој синоќа е избоден додека стоеше на бина за време на хуманитарен собир, е во тешка здравствена состојба.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека „лекарите успеале да го реанимираат срцето на тешко повредениот градоначалник Адамович и оти постои надеж, но оти неговата состојба е многу тешка“.

Според полската телевизија ТВН, 27-годишниот маж кој е осомничен за нападот  од бината извикал дека невин лежел во затворт  додека на власт била партијата Граѓанска платформа, чиј член претходно беше Адамович.

Адамович (53) е градоначалник на Гдањск од 1998 година.

Коронавирус