среда, 30. септември 2020. Вести денес: 105
home Вести

Град во Италија продава куќи и станови за 1 евро: Звучи како идеална понуда, но има еден проблем

Град во Италија продава куќи и станови за 1 евро: Звучи како идеална понуда, но има еден проблем

Поради се поголемата миграција на населението во урбаните средини, сопствениците на градот Самбука ди Сицилија со една необична одлука сака да го спаси градот од изумирање.

Градоначалникот на овој мал град на западниот брег на Сицијалија на продажба дава станови и куќи по цена од 1 евро.

Имено, на продажба се нудат 12 станови, а површината на недвижностите се движат од 40 па се до 150 метри квадратни. Иако ова не е првпат еден италијански град со помалку налудничави понуди да мами странски инвеститори, заменикот на градоначалникот тврди дека овде не се работи за пропаганда тука за вистинска потреба за нови инвестиции.

„Сериозни сме во својата намера. Ние не сме посредник меѓу старите и идните сопственици, туку градот е сопственик на сите станови кои ги нуди на продажба“, пијасни Качиопо.

Како што наведува Си Ен Ен, властите досега продале 10 станови, а заинтересирани купувачи пристигнуваат од Швајцарија, Франција, Шпанија како и од остнатите делови на светот.

Сепак, за оваа идилична понуда постои една цака. Имено, новиот сопственик при купувањето мора да се обврзе дека во рок од три години во обнова на станот ќе вложи минимм 15.000 евра. Плус, пред купувањето треба да положи депозит од 5.000 евра кој ќе му биде вратен по обновата.

„Ветуваме дека купувачите нема да бидат разочарани“, додаде заменик градоначалникот.

Инаку, Самбука ди Сичилија се наоѓа на западната страна Сицилија во провинцијата Агриџенто. Сместен е во природен резерват, а според пописот на населението од 2016 година, во тој град живееле 5.878 луѓе.

Коронавирус