среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 72
home Вести

Град со големина на портокал: Невреме вечерва и утре и во Македонија- повредени 18 лица во Италија (ФОТО)

Град со големина на портокал: Невреме вечерва и утре и во Македонија- повредени 18 лица во Италија (ФОТО)

Најмалку 18 лица се повредени во невреме, проследено со град со големина на портокал, што денеска го зафати италијанскиот град Пескара.

Повредените се однесени во болница, со повреди на глава и модрици.

Невреме проследено со грмотевици вечерва и утре се очекува и во јужна Србија, Македонија, Грција, Бугарија и Турција.

Инаку, во невремето во Италија паднале и двестегодишни борови дрва во близина на Равена, а поплавени се делови на Ромања и Абруцо.

По бурата во Пескара, улиците се претворени во реки на неколку локации.

Патот над градот е напукнат, поради што градоначалникот Карло Масци испрати итна помош на местото на настанот.

Силното невреме што изминатите два дена ја зафати Италија предизвика незапаметени поплави.

-Особено сум загрижен поради силните дождови, бидејќи можат да предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето во Италија, изјави метеорологот Тајлер Роуз.

Бурата во централниот дел на Италија исто така може да предизвика проблеми и на патиштата.

Според метеоролозите, утре се очекува ново невреме во јужна и југоисточна Европа.