сабота, 17. август 2019. Вести денес: 77
home Вести

Готвач избркан од работа- намерно ја предизвикал експлозијата која сруши половина зграда

Готвач избркан од работа- намерно ја предизвикал експлозијата која сруши половина зграда

Постои можност експлозијата во општинската зграда во Виена, каде загина и Србинката Ана Б., да е намерно предизвикана, пренесуваат австриските медиуми.

После инцидентот по кој се срушила половина зграда, се шпекулирало дека станува збор за експлозија од гас, но било нејзасно дали експлозијата била предизвикана од расипаниот котел за греење на гасот или неисправни инсталации во зградата.

Истрагата за причината уште трае, но се почесто може да се слушне дека не станува збор за несреќа, туку дека експлозијата е намерно подметната.

Виенскиот магазин Естерајх, потсетува дека инсталациите за гас во зградата неодамна биле прегледани и дека не бил установен ниеден проблем.

Експлозијата се случила во еден стан кој бил најмногу уништен, а во него бил пронајден леш. за кој е тешко да се установи полот и идентитетот.

Меѓутоа, се претпоставува дека станува збор за 22-годишниот Данијел С, готвач по професија, кој неколку дена пред експлозијата ја изгубил работата, што тешко го погодило.

Јачината на експлозијата исто така укажува на тоа дека е намерно предизвикана. Истрагата е уште во тек, а резултатите ќе бидат познати дури после неколку недели.

Ана Б. настрадала во експлозијата, а нејзините синови успеале да се спасат.