петок, 24. септември 2021. Вести денес: 129
home Вести

Гори славно одморалиште, омилено на македонскиот џет-сет: Евакуирани се жителите и туристите, пожарот проголта сè, небото е покриено со пепел….

Гори славно одморалиште, омилено на македонскиот џет-сет: Евакуирани се жителите и туристите, пожарот проголта сè, небото е покриено со пепел….

Пеколна ноќ, вака известуваат италијанските медиуми за големиот пожар што зафати неколку места на Сардинија синоќа, во близина на градот Сасари

Да потсетиме, Сардинија е една од омилените дестинации на руските и европските туристи.

Засега нема информации дека некој е повреден.

Според агенцијата Анса, илјадници луѓе, локални жители и туристи, веќе се евакуирани.

Во областите погодени од пожарот, небото е покриено со пепел, а воздухот е полн со чад.

Пожарот веќе зафати хектари шума и вегетација и опасно е близу до населените места.

– Трагичен ден за нашиот остров. Две жаришта се сè уште активни – известува локалната противпожарна единица „Форестас“.

Градоначалникот на една од општините погодени од пожарот, Ористанезе, Салваторе Корис, на својот Фејсбук профил, заедно со слики од огромниот пожар, напиша: Катастрофа, и сè уште не е готово, се плашиме од најлошото.

Деновиве на Сардинија, температурите се многу високи, над 35 степени, но сè уште не е јасно дали пожарот е последица на високи температури, небрежност или е подметнат.

Коронавирус