вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Вести

Горат Канарските Острови: Пламенот голта сè пред себе, евакуирани 8.000 лица (ВИДЕО)

Горат Канарските Острови: Пламенот голта сè пред себе, евакуирани 8.000 лица (ВИДЕО)

Пожарот на Канарските острови е надвор од контрола, а пламенот се издигнува 50 метри во височина. Евакуирани се повеќе од 8.000 лица.

Странските медиуми пренесуваат дека за само 48 часа изгореле околу 6.000 хектари шума.

Повеќе од 700 пожарникари во придружба на 11 хеликоптери и пет авиони се борат да го контролираат пожарот, кој започна во саботата во близина на градот Техеда и напредува на неколку фронтови, пропратено со комбинација на високи температури, силни ветришта и мала влажност.