петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 192
home Вести

Големите сили нема да го потпишат Договорот за забрана на нуклеарното оружје

Големите сили нема да го потпишат Договорот за забрана на нуклеарното оружје

Велика Британија, Кина, Русија, Франција и САД нема да потпишат Договорот за забрана на нуклеарното оружје, се вели во заедничкото соопштение од заседанието на Првиот комитет на 73-та сесија на Генералното собрание на ОН, објавен денеска на сајтот на руското Министерство за надворешни работи.

– Нема да го поддржиме, потпишуваме или ратификуваме тој Договор. Договорот за забрана на нуклеарното оружје нема да има задолжителен карактер за нашите земји и ние нема да прифатиме никакви изјави дека тој има придонес кон развојот на меѓународното право. Тој не воспоставува никакви нови стандарди или норми, се истакнува во документот.

Петте светски сили, кои се постојани членки на Советот за безбедност на ОН, ги повикуваат сите земји, кои размислуваат да го поддржуваат Договорот за забрана на нуклеарното оружје, да размислат сериозно за последиците по меѓународните мир и безбедност што тој ќе ги предизвика.

Овие земји заземат цврст став дека светот без нуклеарно оружје најдобро може да се обебзеди на етапен начин, земајќи ја предвид ситуацијата во областа на меѓународната безбедност.

– Овој проверен пристап кон нуклеарното разоружување даде видливи резултати, вклучувајќи големи скратувања на светскиот арсенал на нуклеарно оружје, се истакнува во документот.

Лондон, Пекинг, Москва, Париз и Вашингтон сметаат дека Договорот за забрана на нуклеарното оружје противречи на Договорот за неширење на нуклеарното оружје и создава опасност за негово поткопување.

Договорот за забрана на нуклеарното оружје не ја зема предвид ситуацијата во областа на меѓународната безбедност и регионалните предизвици и воопшто не придонесува за зголемувањето на довербата и транспарентноста меѓу земјите, и нема да доведе до уништување на ниту едно нуклеарно оружје. Наместо тоа, Договорот за забрана на нуклеарното оружје предизвикува несогласувања во рамките на меѓународните инструменти за неширење и разоружување, што може да го отежни уште повеќе понатамошниот напредок во областа на разоружувањето, се вели во соопштението на петте земји.

МИА

Коронавирус