четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 99
home Вести

Големи протести во индискиот град Мансура поради силување на девојче

Двајца мажи се уапсени поради силување на осумгодишно девојче, а граѓаните на индискиот град Мансура денеска излегоа на протест барајќи правда за жртвата.

Девојчето е хоспитализирано со тешки повреди, меѓу кои и рани од нож.

Полицијата објави дека девојчето било киднапирано во вторникот од пред училиште, а пронајдена е во бессознание и прекриена со крв во една грмушка.

Видео камерите ги снимиле двајцата мажи како и даваат колачи и потоа девојчето заминува со нив.

Жителите на Мансура и главниот министер на сојузната индиска држава Мадиа Прадеш бараат смртна казна за силувачите.

Според лекарите девојчето е надвор од животна опасност, но е потребно време да заздрави.

(Миа)