четврток, 4. март 2021. Вести денес: 13
home Вести

Голема веројатност дека Конгресот ќе му забрани на Трамп кандидатура за нов мандат како претседател, тврдат американски медиуми

Голема веројатност дека Конгресот ќе му забрани на Трамп кандидатура за нов мандат како претседател, тврдат американски медиуми

Многу е веројатно дека американскиот Конгрес ќе му забрани на претседателот Доналд Трамп да се кандидира за втор мандат, јавија американски медиуми откако Трамп вчера влезе во историјата на САД како прв претседател со два импичмента. Претставничкиот дом го одобри обвинението против американскиот лидер – поттикнување на бунт – 232 конгресмени против 197 гласаа за импичмент на претседателот.

Гласањето покажа знаци на длабока поделба во Републиканската партија. Десет републиканци ги поддржаа демократите во донесувањето на обвинението. Ова е најголемата двопартиска поддршка за импичмент во историјата на САД. Претходната беше во 1998 година, кога пет демократи гласаа за импичмент на Бил Клинтон.

На првото судење во Сенатот на почетокот на минатата година, само сенаторот од Јута, Мит Ромни ги поддржа демократите. Тогаш Трамп беше ослободен од обвинението.

Сега се очекува повеќе републиканци да им се придружат на демократите. Потребни се 17 републиканци за да ги поддржат демократите во Горниот дом за да го осудат американскиот лидер.

Лидерот на мнозинството Мич Меконел изјави дека судењето ќе започне откако Џо Бајден ќе ја презеде функцијата на 20 јануари.

Обвинението во Сенатот мора да биде донесено со мнозинство од 2/3, за што се потребни 67 гласа. Од 20 јануари, демократите и републиканците ќе имаат по 50 сенатори, а за решавачко гласање ќе биде потпретседателката Камала Харис. Тоа значи дека 17 републикански сенатори мора да гласаат со демократите за да го осудат Трамп.

Американскиот претседател беше лесно ослободен од обвинението во две претходни процесакога само еден републиканец во Сенатот се изјасни за виновен за едно од двете обвиненија.

Овојпат процесот може да биде различен. Во последните денови американски медиуми јавија дека Меконел смета дека Трамп сторил злосторство што заслужува импичмент.

Ако гласа за осуда на Трамп, другите републиканци би можеле да го следат примерот.

Доколку Трамп биде прогласен за виновен, тоа не значи автоматски дека повторно ќе му биде забрането да се кандидира за претседател.

Сенатот може да одржи уште едно гласање, што ќе го спречи повторно да се кандидира. Овојпат, сепак, потребно е просто мнозинство за усвојување на предлогот. Ова гласање ќе го активира Четиринаесеттиот амандман, што забранува секој што учествувал во немири да има федерална или државна позиција.

Донесен по Американската граѓанска војна, во амандманот се вели дека никој не смее да извршува јавни функции во САД, ако тој или таа претходно биле вклучени во немири против државата.

Според дел експерти, тој амандман може да се искористи за да му се забрани на Трамп јавна функција дури и ако тој биде ослободен од Сенатот. Повторно, ќе биде потребно просто мнозинство во Сенатот.

Според американски медиуми, на Трамп најверојатно ќе му биде забрането доживотно, бидејќи демократите ќе имаат мнозинство од 20 јануари. (МИА)

Коронавирус