четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Голема експлозија кај Бристол, има и жртви

Голема експлозија кај Бристол, има и жртви

Голема експлозија се случи во складиште во Ејвонмут, индустриска област во близина на Бристол, а противпожарната служба објави дека има жртви.

Еден од сведоците рече дека се слушнала „многу силна експлозија“, која ги потресла зградите, додека друг рече дека десетина амбуланти излегле на местото на настанот, пренесува Би Би Си.

Бристол Пост наведува дека противпожарната служба добила повик во 11.22 часот по локално време и потврдила дека има жртви, но бројот не е наведен.

Битански експрес наведува дека едно лице загинало, а две се водат како исчезнати по силната експлозија.

Засега е непознато што ја предизвикало експлозијата.

Коронавирус