сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Голем топлотен бран: Починаа повеќе лица

Голем топлотен бран: Починаа повеќе лица

Повеќе лица починаа од последици од топлотниот бран, кој зафати многу делови од Европа. На земјоделски имот во шпанскиот град Кордоба почина 17-годишен работник откако се разладил во базен, а во Ваљдолид на улица почина лица на возраст од околу 80 години, јави Би Би Си.

Топлотниот бран посебно ги погоди Шпанија, Франција и Италија. На одредени места измерени се 45 степени под сенка. Во многу европски земји беснеат пожари, а некои земји власти ги заострија ограничувањата за користење вода.

Најголем степен од опасности од горештини е прогласен во Италија, за денеска и утре. Волонтери делат вода на улиците на Милано, а властите излегоа со предупредување да не се излегува непотребно од домовите.

Полското земјоделство се соочува со суши. Вонредна состојба е прогласена во 10 региони, од кои дел претходно беше погоден од поплави, а сега од големи горештини.

Во шпанска Каталонија беснеа пожари на околу 10.000 хектари, а пожарникарите стравуваат дека горештините би можеле дополнително да го забрзаат ширењето на огнот. Во овие два дена, на одредени места температурата ќе достигне до 43 степени.

И во Германија температурите се високи, каде се измерени температури над 38 степени, поради што властите ги предупредија граѓаните да пијат многу течности и да носат лесна облека.

Во Велика Британија полицијата ги предупреди луѓето на опасност од разладување во реките и езерата откако се удави 12-годишно девојче во реката Ирвел.

Француската метеоролошка служба, по првпат, го активираше највисокото ниво на предупредување на горештини, а под посебен надзор се четири подрачја околу Марсеј и Монпеље на југот на земјата. Околу 4.000 училишта се затворени, а локалните власти ги откажаа програмите и карневалите кои традиционално се одржуваат на крајот на училишната година.

Коронавирус