вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 144
home Вести

Голем скандал ја тресе Италија: Водачот на навивачите на Милан и управител на Интер уапсени поради 600 килограми дрога

Голем скандал ја тресе Италија: Водачот на навивачите на Милан и управител на Интер уапсени поради 600 килограми дрога

Лука Лучи, водачот на навивачите на Милан вчера утрото е уапсен со уште 22 лица во полициска акција. Првиот човек на Курва Суд Милано, како и управникот на Интер, Масимо Манели, се обвинети за продажба на дрога. Полицијата во големата акција пронашла 600 килограми марихуана, хашиш и кокаин.

Меѓу уапсените се 19 Италијанци, двајца Албанци и еден Романец.

Според пишувањето на италијанските медиуми, Лучи учествувал во трговија со дрога, а соработувал со албански групи, по што дрогата ја дистрибуирал во Милано.

На Лучи ова нема да биде прво затворско искуство, тој претходно беше во затвор поради напад на навивачот на Интер Вирџил Мота, кој тогаш остана без око. Со неговото враќање на јужната трибина на Сан Сиро, Курва Суд повторно го доби својот водач.

Меѓутоа, навивачката со новото апсење повторно претрпува тежок удар, како и клубот за кој навиваат Милан, кој има големи проблеми со УЕФА, поради финансискиот фер плеј. Проблеми имаат и со сопственикот Јонгхонг Ли, чие сопствеништво во клубот е под голем знак прашалник.

Коронавирус