четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Голем секс-скандал го тресе Ватикан: Еден од најмоќните функционери обвинет за сексуални напади

Голем секс-скандал го тресе Ватикан: Еден од најмоќните функционери обвинет за сексуални напади

Кардиналот Џорџ Пел и трет човек на Ватикан се очекува да се соочи со два судски процеси за обвиненија за сексуален напад, соопшти австралискиот суд. Тој денеска се појави во окружниот суд во Викторија, а обвинителството и одбраната побарале случајот да се подели на две судења.

Седумдесет и седум годишниот финансиски советник на Папата, се изјаснил дека не е виновен за сите обвиненија и остро ги негирал сите прекршоци кои се однесуваат на периодот меѓу 1970-тите и 1990-тите години.

Ако судијата се согласи, одделни судски пороти ќе ги слушнат тврдењата против кардиналот Пел за неговото време како свештеник во Баларат во 1970-тите, и обвиненијата во врска со тоа кога бил архиепископ на Мелбурн во 1990-тите.

Голем дел од доказите дадени на претходното рочиште не биле отворени за јавноста и остануваат доверливи.

Кардиналот Пел е најстариот католик на Австралија и еден од најмоќните функционери во Ватикан.

 

Локални избори 2021