среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 78
home Вести

Голем протест во Брисел поради мерките за корона, хаос на улиците

Голем протест во Брисел поради мерките за корона, хаос на улиците

Илјадници демонстранти, 8.000 според проценките на полицијата, денеска излегоа на улиците на Брисел за да го изразат незадоволството од начинот на кој владата се справува со здравствената криза во Белгија, две недели откако слични протести прераснаа во насилство.

Поворка демонстранти мирно марширала низ улиците на главниот град на Белгија во недела попладне, опкружена од бројни припадници на полициските сили. Повеќето од демонстрантите танцувале во ритамот на техно музика.

„Не благодарам за вакцините“, „Ковид = организиран геноцид“, „QR = свастика“, можело да се прочита на транспарентите истакнати од демонстрантите.

„Не ни треба вакцина за нашите деца“, скандирала една група жени.

Демонстрантите ги осудуваат обврските наметнати на населението од почетокот на пандемијата на Ковид-19 за спречување на натамошното ширење на вирусот. Особено ги мачи обврската за поседување здравствена пропусница, која стана задолжителна за пристап до некои места.

На некои места во градот биле поставени водени топови, а областите каде што се одржувале демонстрациите биле надлетувани од хеликоптер.

Под називот „Чин втор, марш за слобода“, демонстрантите продолжуваат да го изразуваат незадоволството од владините мерки. Првиот „чин“ беше одигран на 21 ноември, кога на улиците на главниот град се собраа околу 35.000 луѓе, според полицијата.

Белгиските власти во петокот објавија одлука за затворање на градинките и основните училишта една недела пред почетокот на божиќните празници.

Коронавирус