сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Голем пожар во источна Холандија

Голем пожар во источна Холандија

Четири кампови во Холандија денеска се евакуирани поради пожар, што изби во рурално подрачје во источниот дел на земјата.

Службата за регионална безбедност наведе дека пожарникари од три провинции се справуваат со огнот во Ватерен, оддалечен околу 135 километри од Амстердам. Во гаснењето на пожарот вклучен е и воен хеликоптер.

Се уште нема информации дали некој е повреден и колкава материјална штета е предизвикана.

Како и многу други европски земји и Холандија е погодена од топлотен бран, а температурата на воздухот е над 30 степени Целзиусови. Според метеоролозите се очекува пад на температурите и бура во одредени делови од земјата.

МИА