вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 157
home Вести

Голем пожар се приближува кон термоцентрала во Турција

Голем пожар се приближува кон термоцентрала во Турција

Голем пожар се шири кон турска термоцентрала (ТЕЦ), а земјоделци во паника го тераат добитокот во близина на морето, откако шумските пожари, во кои загинаа осум лица, беснеат седми ден по ред.

Турција е зафатена од најкатастрофални шумски пожари досега, уништувајќи шуми и богати земјоделски површини долж делови од турскиот медитерански и егејски брег.

Исплашени туристи биле принудени да се качат на безбедносни чамци, а десетици села се евакуирани откако силните ветрови и високите температури го проширија пламенот.

Во градот Мармарис се забележани земјоделци како ги извлекуваат животните од запалените плевни и ги повлекуваат на безбедни места кон плажите.

Температурите од над 40 степени Целзиусови во јужниот дел на Турција, исто така, предизвикаа рекорден скок во потрошувачката на електрична енергија, поради што вчера беше прекинато снабдувањето со струја во Анкара и Истанбул.

Градоначалникот на егејскиот крајбрежен град Милас, Мухамет Токат изрази загриженост поради евентуалната катастрофа доколку неконтролираниот пожар, од кој се издигнуваат огромни облаци чад над регионот, ја зафати локалната термоцентрала.

Тој објави повеќе итни пораки на Твитер, а на видео снимките се гледа како пламенот се шири кон ридот до наводната локација на термоцентралата.

– Ова е критично место. Пожарот стигна до станбени комплекси. Доколку премине преку ридот, тоа значи дека огнот ќе достигне сосема нова димензија, објави Токат на Твитер. (МИА)

Коронавирус