среда, 8. февруари 2023. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Расте бројот на загинати во Турција и Сирија, спасувачите во трка со времето

home Вести

Голем пожар на Кипар во должина од 20 километри, превентивно евакуирано село

Голем пожар на Кипар во должина од 20 километри, превентивно евакуирано село

Преку копно и од воздух, противпожарните служби на Кипар се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар меѓу градовите Пафос и Лимасол, а активни се жаришта во должина од околу 20 километри, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Министерството за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар, пожарот избувнал во три часот утрово, во гаснењето учествуваат пожарникари со над 30 возила, активиран е специјалниот план за интервенција со авиони, а превентивно е евакуирано едно село.

Според кипарските медиуми, кај властите постојат сомнежи дека пожарот е подметнат, бидејќи во должина од 20 километри има десетици жаришта, за што директорот на Одделот за шуми за кипарската новинска агенција ЦНА вели дека „покажува дека некој се движел меѓу селата и палел“.